Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кога да го однесете детето на невропедијатар?
Детската неврологија е медицинска специјалност, која ги проучува и ги третира проблемите на нервниот систем во текот на неговиот развој, односно структурата, функциите и развојот на централниот нервен и невромускулниот систем, како во нормални, така и во патолошки состојби.
Развојната фаза на децата почнува за време на интраутериниот живот и завршува со адолесценцијата.
Проблемите со нервниот систем може да бидат во: мозокот, ‘рбетот, нервите или во мускулите, предизвикувајќи различни промени.
Исто така, овие специјалисти невропедијатри се одговорни за надзор, контролирање и дијагностицирање на развојните тешкотии што децата можат да ги манифестираат вклучувајќи моторни, когнитивни, сензорни или комуникациски.
Кога да го однесете детето кај невропедијатар?
Невропедијатријата третира многу болести со различен степен на сложеност. Педијатарот на детето е оној што мора да ја направи првичната процена и доколку смета дека е потребно, ќе го упати детето кај специјалист невропедијатар. Најчестите причини за консултации се:
- Епилепсија
- Проблеми со учењето (дефицит на внимание, дислексија итн.)
- Проблеми со однесувањето (хиперактивност, нарушувања на однесувањето)
- Главоболка
- Сомнеж за аутизам
Овие патологии обично предизвикуваат страв и загриженост кај родителите, така што поставувањето на дијагнозата е клучно за понатамошно правилно насочување, третман и прогноза.
Што се случува при првата посета на невропедијатар?
Како и во секоја друга медицинска специјалност, првата посета е многу важна. Во основа, невропедијатарот ќе се обиде да го запознае детето и да собере што е можно повеќе информации, поради што на родителите на детето ќе им бидат поставени серија прашања од типот:
- Која е причината за вашата загриженост? Кога забележавте дека се појави и како еволуираше проблемот?
- Прашања околу бременоста, породувањето и првите денови од животот на детето.
- Семејна анамнеза.
Со цел детална анализа односно за да се олесни првата посета, препорачливо е доколку постојат да бидат обезбедени релевантни документи доколку ги имате, какви што се:
- Книшка за педијатриско следење
- Тест извештаи, резултати од испитувања, мислења од други специјалисти итн.
- Фотографии, видеа релевантни за проблемот
- Опис или белешки за тоа што ве загрижува
Доколку имате сомнеж во однос на некое однесување што сте го забележале кај вашето дете, а тоа може да биде поврзано со некоја од овие патологии, закажете консултација со невропедијатарот д-р Катерина Василева Димовска на 02 3091 484