Совети од Клиника „Жан Митрев“:  Холестерол – причини, видови и превенција

Фото: Промо

Вишокот на холестерол во крвта, тој може да се акумулира во ѕидовите на артериите и да предизвика кардиоваскуларни проблеми.

Најголем дел од холестеролот се создава во црниот дроб, но може да се внесе и преку консумирање одреден вид храна. Затоа, најчеста причина за зголемено ниво на холестерол е внесот на заситени масти какви што се оние што се наоѓаат во путерот, необезмастените млечни производи, јајцата, печивата и преработените месни производи. Други причини што можат да придонесат за зголемен холестерол се: седентарен начин на живот, дебелина, хипотироидизам, дијабетес, проблеми со бубрезите, семејна историја на високо ниво на холестерол.

Какви видови холестерол постојат?

 

Постојат два вида холестерол:

Холестерол HDL или добар холестерол: го влече холестеролот од крвта до црниот дроб за да се елиминира, поради што се смета за добар за нашето кардиоваскуларно здравје.

Холестерол LDL или лош холестерол: го носи холестеролот од црниот дроб до ткивата на телото.

Ако нивото на холестерол во крвта е повисоко од нормалното, може да се акумулира во ѕидовите на артериите во форма на наслаги, со тоа правејќи ги потесни и на тој начин зголемувајќи го ризикот од коронарна срцева болест.

Како се мери холестеролот?

Холестеролот се испитува преку крвна анализa (многу е важно да сте гладни пред тестот за податоците да бидат сигурни). Нивоата на холестерол се мерат во милиграми на децилитар (mg/dL), а нормалните (здрави) вредности за возрасни се прикажани подолу:

Вкупен холестерол: 125 до 200 mg/dL

LDL: Помалку од 100 mg/dL

HDL: 40 mg/dL или повисоk (за мажи) и 50 mg/dL или повисок (за жени)

Колку често треба да се прави тест за холестерол?

Сo прегледи за првпат треба да се започне пред 35 години – за мажи, односно пред 45 години за жени. А некои студии, препорачуваат да се започне на возраст од 20 години. Вредностите на холестерол во крвта треба да се следат и затоа е потребно да се прават последователни тестови.

Aко резултатите биле нормални, на секои 5 години.

Kај лица со дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар или проблеми со протокот на крв во нозете или стапалата, фреквенцијата треба да биде поголема.

Барем еднаш годишно ако земате лекови за контрола на високoто ниво на холестерол.

Како може да се спречи холестеролот?

За да се спречи покачен холестерол, се препорачува следното:

Одржувајте урамнотежена исхрана без заситени масти, како што е медитеранската исхрана богата со зеленчук, мешунки, житарки и овошје.

Правете физички вежби редовно.

Избегнувајте тутун бидејќи влијае во намалување на добриот холестерол (HDL).

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ се дијагностицира и третира секаков вид медицинска патологија во координација со кардиолози, гастроентеролози и останатите медицински и хируршки специјалисти. Советувајте се со стручниот тим и решете ги сите Ваши сомнежи на персонализиран начин.

Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот