Совети: Колку долго смее да стои руската салата во фрижидер?

Фото: Профимедиа

Руската салата е кралица на секоја празнична трпеза, бидејќи лесно се подготвува, вкусна е, а состојките не се скапи. Но, сите знаеме како е кога веќе „третиот ден“ јадеме руска салата со некое месо или на парче леб… Обично правиме премногу, па руската салата стои во фрижидер со денови.

Руската салата е едно од омилените јадења кога е во прашање празничната трпеза. Се прави од зеленчук, шунка, мајонез и јајца, па поради својот состав многу лесно се расипува.

Прашањето што ги мачи многу домаќинки е – колку долго може да остане во фрижидер и да биде безбедна за јадење.

Еве го и одговорот, но и совети како максимално да го продолжите нејзиниот рок на траење.

Со руската салата, но и со другите јадења во кои има мајонез, мора да бидете многу внимателни, бидејќи таквите јадења имаат релативно краток рок на траење. Без разлика дали ја правите со шунка или со пилешко, па дури и посна, постои голема шанса да почне да се расипува веќе на третиот или четвртиот ден.

Значи, колку долго смее да стои руската салата?

Првото што треба да направите за да го продолжите рокот на траење е да ја ставите во фрижидер веднаш штом ќе завршите со јадењето. Ако долго време стои на топло, голема е веројатноста состојките да ферментираат и да се расипат.

Многумина прават грешка и садот со руската салата го покриваат само со фолија, што значи дека микроорганизмите од другите намирници во фрижидерот можат да влезат во тој сад.

Руската салата секогаш треба да се чува во фрижидер во сад кој добро се затвора, за да не може да навлезат воздух и микроорганизми.

Некаде ќе прочитате дека рокот на траење е пет дена, но ве советуваме да ја чувате на температура од околу 4 Целзиусови степени и да ја изедете во рок од три дена, за да бидете целосно безбедни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот