Совети: Осум чаши вода дневно е сепак премногу, еве колку треба да пиете

Profimedia
Фото: Профимедиа

Новото истражување покажа дека препорачаните осум чаши вода дневно може да бидат премногу. Научниците од Универзитетот во Абердин открија дека препорачаниот внес на два литри вода дневно често e повеќе отколку што им е потребно на луѓето.

Имајќи предвид дека околу половина од дневниот внес на вода доаѓа од храната, научниците проценуваат дека на луѓето навистина им требаат само околу 1,5 до 1,8 литри дневно, пишува „Би-би-си“.

Најновите наоди беа објавени во „Sciens“ оваа недела. Претходното истражување за потребите за водата користело анкети применети на мали примероци луѓе.

„Првобитната проценка од два литри на ден доаѓа од малку погрешна проценка. Водата што би требало да ја пиеме е разликата помеѓу вкупната вода што треба да ја внесеме и количината што ја добиваме од храната. Начинот на кој ја процениле количината од храната било прашањето на луѓето колку јадат.

Бидејќи луѓето недоволно пријавуваат колку јадат, постои погрешна проценка и затоа ја преценувате количината на вода што е потребна“, рекол проф. Џон Спикман од Универзитетот во Абердин изјави за радио „Би-би-си“.

Но, научниците сега соработувале ширум светот за да го измерат точниот внес на вода користејќи техника на стабилен изотоп. Анкетирале 5.604 луѓе од 23 различни земји на различни возрасти.

Истражувањето вклучувало луѓе кои испиле чаша вода во која некои од молекулите на водород биле заменети со стабилен изотоп на елементот наречен деутериум. Природно се наоѓа во човечкото тело и е сосема безопасен. Брзата елиминација на вишок деутериум покажува колкав е прометот на водата во телото.

Луѓето со поголем „промет“ на вода обично треба да пијат повеќе вода. Истражувањето покажало дека ова ги вклучува оние кои живеат во топли и влажни средини и на големи надморски височини, како и спортистите, но и трудниците и доилките.

Истражувањето открило дека на мажите им е потребно најмногу вода во 20-тите години, а потребите за вода на жените се исти од 20 до 55 години.

Лицата што трошат повеќе енергија треба да пијат повеќе вода од просекот, како и оние со поголема телесна тежина. Атлетичарите користат околу 1 литар повеќе течности дневно.

Потрошувачката на енергија е најголемиот фактор во внесувањето вода. Највисоки вредности се забележани кај мажите на возраст меѓу 20 и 35 години, кои во просек пиеле 4,2 литри дневно. Ова се намалува со возраста, просечно 2,5 литри дневно за мажи на возраст од 90 години.

Жените на возраст меѓу 20 и 40 години имале просечна циркулација од 3,3 литри, а до 90-тата година паднала на 2,5 литри.

„Студијата покажа дека вообичаената сугестија сите да пиеме 8 чаши вода веројатно е превисока за повеќето луѓе“, вели Спикмен.

Видео на денот