Совет од експерт: Не го будете вашето домашно милениче додека има кошмари

Фото: Pexels/Torsten Dettlaff

Истражувањата покажуваат дека и мачките и кучињата сонуваат, а бихејвиористката за животни д-р Карли Фон објаснува зошто не треба да ги будите вашите миленичиња додека имаат кошмари.

„Луѓето и останатите цицачи имаат слични циклуси на спиење. Ние веќе знаеме дека сонувањето се случува кога луѓето влегуваат во REM (rapid eye movement) фазата од спиењето. Со оглед на тоа што повеќето цицачи се способни да влезат во длабок сон и REM фаза, тоа ни укажува дека и тие сонуваат“, вели д-р Фон.

Според д-р Фон, исто како и луѓето, така и останатите цицачи ги сонуваат нештата и луѓето кои веќе ги знаат, што значи дека има големи шанси да се појавувате во соновите на вашите шепасти пријателчиња.

„Бидејќи веќе е познато дека и останатите цицачи, вклучувајќи ги кучињата и мачките, имаат слични циклуси на спиење, тогаш тоа ни сугерира дека сонуваат на истиот начин како нас. Луѓето сонуваат според сопствените искуства. Па, затоа се смета дека домашните миленици сонуваат на сличен начин, врз основа на нивните секојдневни случувања“, објаснува д-р Фон.

Понекогаш е тешко да се процени дали вашето домашно милениче сонува добар или лош сон.

„Меѓутоа, кошмарот може да биде проследен со цвилење, па дури и со ‘ржење за кучето“, вели бихејвиористот.

Иако голем број сопственици паѓаат во искушение да го разбудат своето милениче додека сонува кошмар, д-р Фон вели дека треба да бидат внимателни.

„Доколку одлучите да го разбудите вашето домашно милениче од каков било сон, тогаш најдобро е да тргнете полека и да го користите вашиот глас за да го разбудите мирно. Ако го разбудите вашето домашно милениче додека спие, без разлика дали сонува или не, би можеле да го исплашите“, објаснува таа.

Иако не постои начин на кој можат да се спречат кошмарите, д-р Фон има неколку предлози до сопствениците на домашни миленици.

„Многу е важно секој сопственик да го познава своето домашно милениче и да знае што му се допаѓа, а што не. Од таа причина, мора да го вклучите во оние секојдневни активности во кои ужива. Доколку миленикот има позитивни искуства, тогаш тоа ќе биде посреќно и ќе има поубави сонови“, заклучува д-р Фон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот