Совет на Европа: Неопходна е соработка со Русија

Советот на Европа (СЕ) смета дека соработката со Русија е неопходна во поглед на обезбедување на човекови права и демократија, изјави денеска генералната секретарка на СЕ, Марија Пејчиновиќ Буриќ во писмото испратено до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по повод 25-годишнината од приемот на Русија во СЕ.

– За тоа време, Русија има ратификувано речиси 70 конвенции и протоколи. Тука спаѓаат Европската конвенција за човекови права и Европската социјална повелба, кои се темел на човековите права во Европа денес”, се наведува во писмото на Пејчиновиќ Буриќ, пренесува ТАСС.

Според неа, Руската Федерација треба да одигра витална улога како една од 47-те земји кои работат заедно за да се справат со актуелните и новите предизвици за човековите права, демократијата и владеењето на правото во заедничката правна област.

Генералната секретарка на Советот на Европа, исто така, изјави дека Русите, како и сите други европски граѓани, имаат крајно право да поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Таа вели дека се забележано некои позитивни промени предизвикани од извршувањето на казните во Русија, вклучително подобрени затворски услови, заштита на имотните права и нови правни заштитни мерки за воениот персонал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот