Сотирова-Букова: Новинарот заразен од член од блиска фамилија, се чекаат детали од анкетата

Директорката на државниот санитарен инспекторат Иринка Сотирова Букова во врска со заразениот новинар од Канал 5 кажа дека лицето е хоспитализирано, но дека се чекаат резултати од епидемиолошката анкета.

-Во однос на ова прашање можам да кажам дека лицето е хоспитализирано во 8 Септември, каде што е потврден позитивен наод на коронавирус. За сите понатамошни детали можам да кажам дека во блиска фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен, имал контакт со тој член, но за детални информации ќе следува по спроведената анкета од Центарот за јавно здравје, рече Сотирова Букова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот