Сотироски испрати честитка во пресрет на рамазанските пости

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реисул Улема хаџи хфз. Шаќир еф. Фетаи, Рејасетот и верниците, по повод почетокот на светиот месец Рамазан.

– Големиот рамазански пост е секогаш време за лично внатрешно чистење, време за мир, проникнување во својата природа и верба, но и време за солидарност и хуманост.

Дозволете да Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан со искрени желби за лесни пости, како и за безгрижни денови исполнети со здравје во Вашите семејства.

Вирусот е за жал се уште изразен непријател на нашите традиционални манифе-стации, пандемијата ги одзема секојдневно животите на многу наши сограѓани. Во вак-ви околности значајно е да се штитиме себеси, но и животите на ближните. Оттаму из-бегнувањето на собирите и почитувањето на мерките во овие празнични денови ќе би-де значаен придонес кон стабилизација на пандемиската состојба, стои во честитката од директорот Сотироски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот