Состојбата во Хрватска не се подобрува: 311 новозаразени и четири нови жртви од коронавирусот

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во последните 24 часа има 311 нови случаи на коронавирус во Хрватска, при што четири лица починаа од последиците на вирусот, соопштија од Кризниот штаб.

Со тоа вкупниот број на случаи на коронавирус се искачи на 10.725, при што активни се 2.566 случаи. Во последните 24 часа се тестирани 4.122 лица, со што вкупната бројка на тестирани лица изнесува 175.346 од почетокот на пандемијата.

Бројката на починати лица од последиците на вирусот се искачи на 191, хоспитализирани се 258 лица, а 14 се на респиратор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот