Состојбата во Хрватска не се подобрува: 2.900 новозаразени и рекордни 75 смртни случаи од ковид-19

Хрватска/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Хрватска во последните 24 часа се пријавени 2.900 новозаразени со ковид-19 и 75 смртни случаи од последиците на вирусот, соопшти министерот за здравство Вили Берош, пренесува Индекс.хр.

Инаку, Хрватска од вчера воведе привремена мерка за ограничен влез во земјата и предложи дополнување на Законот за казните за непочитување на епидемиолошките мерки.

Од вчера се познати и казните за кршење на мерките.

Казните за неносење на маски или погрешно носење на маските ќе изнесуваат 500 куни. Со одлука на Кризниот штаб во Хрватска е дозволен влез во земјата само со негативен ПЦР тест на ковид-19 кој не е постар од 48 часа или со задолжително тестирање по влез во Хрватска и заминување во самоизолација додека се чекаат резултатите од тестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот