Состојбата во Бразил се покритична: Објавени страшни фотографии од гробишта за жртвите од коронавирусот

Профимедиа

Во Бразил во петокот беа регистрирани 330.890 лица заразени со коронавирус, со што ја надмина Русија и се најде на второто место во светот по вкупниот број случаи, веднаш по САД.

СЗО оценува дека новиот епицентар на пандемијата со коронавирус е Јужна америка и истакнува дека Бразил е особено тешко погоден од ширењето на болеста.

Во Бразил во петокот беа регистрирани 1.001 смртен случај од коронавирус, со што бројот на вкупно пичинати во таа земја се искачи на 21.048, објави бразилското министерство за здравство.

Profimedia

Агенцијата Ројтерс  наведува дека вистинскиот број на заразени и починати во Бразил веројатно е повисок бидејќи таа земја ги зајакна тестирањата.

Во Сао Паоло, најтешко погодениот град, снимките направени од воздух покажуваат редици отворени парцели на гробиштата Формос, а таквите фотографии и порастот на бројот на заболени ги засилија острите критики на сметка на крајно десниот претседател Жаир Болсонаро поради одговорот на пандемијата и продолжувањето на девастацијата во амазонската прашума, што дополнително ја продлабочува политичката криза во Бразил.

Profimedia

Откако почна епидемијата, Болсонаро загуби двајца министри за здравство, откако вршеше притисок врз нив да промовираат рана употреба на лекови против маларија за лечење на пациентите заболени од ковид-19.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот