Состојбата во Албанија не се подобрува: 299 новозаразени, четири лица починаа

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени, појава присутна овој месец, кога во просек кај 20 до 23 отсто од дневно тестираните се дијагностицира ковид-19, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Во последното деноноќие од направените 1.315 тестови позитивен резултат е добиен кај 299 лица, што е 23 отсто од тестираните, со што вкупната бројка на заразени изнесува 19.157. Најголем број од новодијагностицираните се од Тирана, 184, каде активни на болеста се 4.133, што е повеќе половина од вкупната бројка, која изнесува 8.026, информираа од Министертвото за здравство и социјална заштита. 

Според истиот извор, битката со опасниот вирус, во последните 24 часа, ја добиле 106 или вкупно 10.654, додека ја изгубија четири пациенти, односно 477 до сега. 

– Во исто време зголемен е и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментално во двете ковид болници се третираат 271 паценти, што е за десетина повеќе споредено со вчера. Апелираме на строго почитување на препораките за заштита. Посебно апелираме при секој симптом на опасниот вирус да се јавите кај вашиот семеен лекар, ништо не оставајте до последен момент, апелираат од Министерството. 

Претходно, претседателот Илир Мета побара под итно зголемување на бројот на тестови дневно, по податокот изнесен од СЗО дека во неговата земја се прават најмалку тестови во светот во однос на бројот на жители.

Албанија последна во Европа по бројот на тестови за коронавирус, Мета побара итно зголемување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот