Состојбата со коронавирусот во Албанија не се подобрува: 151 новозаразен, нов кластер е и затворот Дренова

Ковид-19 криза Албанија/ Фото: ЕПА

Во Албанија и во последното деноноќие висока бројка на новозаразени со Ковид-19 или околу 18 отсто од тестираните 824 примероци во Институтот за јавно здравје и неколку приватни установи.

-Во последните 24 часа потврдени се 151 новозаразен со Ковид-19, оздравени се 80 додека починаа тројца пациенти кои беа болнички третирани. Загрижува и појавата на зголемен број на заболени на кои им е потребно болничко лекување. Во моментов во двете ковид болници хоспиталзирани се 198 пациенти од кои 21 се на интензивна терапија додека четворица се интубирани, информираа од Министерството за здравство.

Нов кластер е затворот Дренова каде се дијагностицирани осум затворенци, во одделот со високо обезбедување, додека во изолација се остантите затвореници во овој оддел. Новозаразен има и во специјалната полициска единица за брзи интервенции.

Од почетокот на пандемијата досега направени се 68.728 тестови, позитивни биле 10.406, оздравеле 6.186, почнале 319 додека активни на болеста се 3.901.

Експертите од оваа област и понатаму сметаат дека во земјата треба да се прават три до четирипати повеќе тестови од 800 до 900 колку што почнаа да се прават од август. Дотогаш бројот на тестови кои дневно се правеа не надмина бројка од 500.

Тие препорачуваат скринг да се направи и за сите вработените во училштата каде наставата треба да почне на 14 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот