Состојбата на северот на Косово влијае на увозот и извозот на стоки, претприемачите загрижени за странските инвестиции

камиони
Камиони/ Фото: МИА

Претприемачите од Косово се загрижени за состојбата на северот, бидејќи како што велат, освен пречки во увозот и извозот, стравуваат и дека странските инвеститори ќе се откажат од инвестициите во Косово, пишува Економија онлајн.

Сопственикот на компанијата „Фрутекс“ од Сува Река Шаќир Паљуши вели дека кризата на северот ги оневозможила инвеститорите да пристигнат навреме.

„Не можам да кажам дека има проблеми со снабдувањето, но ситуацијата на север или каде било на Косово секако има последици, пред се во извозот и увозот. Ни требаат и странски инвеститори. „Минатата недела успеавме да донесеме еден од нив, кој не сакаше да дојде поради ситуацијата на север“, рече Паљуши.

Сопственикот на компанијата „Муча солар“ од Сува Река, Џеват Муча, се согласува дека ситуацијата на север влијае на инвеститорите кои сакаат да инвестираат во Косово.

„Мислам дека оваа криза на север не им попречи само во Сува Река, туку и пошироко, бидејќи компаниите кои сакаат да инвестираат во Косово имаат дилема и тоа создава неповолни услови за бизнис“, вели Муча.

Тој изрази загриженост и за пречките во извозот и увозот.

„Ситуацијата го кочи увозот и извозот, нè спречува да работиме на Косово. Нашата најголема грижа сега е како компаниите можат да увезуваат и извезуваат, а проблемите само ќе излезат на виделина“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот