Состојбата на Мицкоски е стабилна, вели Филипче

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерот за здравство, Венко Филичпе вели дека е стабилна состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника.

-Според моето стручно мислење и според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, одговори кусо Филипче на новинарско прашање по пристигнувањето на правата пратка вакцини „Спутник В” на Скопскиот аеродром.

Мицкоски вчера на својот фејсбук профил упати порака до власта од Инфективната клиника.

-Ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од Инфективна, а потоа не чека многу работа, напиша меѓу другото Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот