Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Млади во парк. / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка за време на прославата на последниот училишен ден и завршило во болница.

Момчето по прославата било однесено во Клиниката за детски болести, каде во моментов се наоѓа во многу сериозна состојба, пренесува ХРТ. Покрај него, на Клиниката за детски болести биле пренесени уште две млади лица, пренесува Радио Сjеме.

Стотици малолетници деновиве во бројни паркови во Загреб ги слават последните денови на училиште.

Ивана Портолан Пајиќ од Градскиот завод за здравство апелира до родителите да дојдат и да ги земат своите деца.

– Направивме сѐ што е во наша моќ да се избориме со штетната злоупотреба на алкохол кај младата популација, тоа се малолетни лица на возраст од 14, 15 и 16 години и веруваме дека, за жал, има и помлади меѓу нив, рече таа.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот