Состојба во ковид центрите во Скопје: Хоспитализирани 14 пациенти во последните 24 часа, вкупно се лекуваaт 280 болни

Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од вирусот. Вкупно 280 сомнителни и потврдени лица за ковид-19 моментно се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. На интерните клиники во последното деноноќие имало шест приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти и три на Инфективната клиника. Во изминатите 24 часа се пуштени девет оздравени пациенти.
Во моментот во ковид центарот на Клиниката за кожни болести се лекуваат 14 пациенти, на Клиниката за неврологија – 20, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симптоми на коронавирусот. Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести – тројца пациенти, а на ОРЛ – 11 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.
Вкупно 287 потврдени и сомнителни пациенти на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите добиваат кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 179 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот