Состојба во ковид-центрите во Македонија: Се лекуваат 610 пациенти, слободни кревети – 603

EPA-EFE
Медицински лица во Скопје / Фото: EPA-EFE / GEORGI LICOVSKI
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 позитивни и суспектни пациенти на коронвирусот. Според извештаите што семкојдневно пристигнуваат во Министерството за здравство (МЗ), во болницата во Битола се хоспитализирани 31 позитивен и суспектен пациент на ковид-19.
– Во болницата во Штип се хоспитализирани 26 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес – 23, а во Куманово 47 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 35 пациенти, во Прилеп – 34, во Гостивар – 18, а во Струга – 23 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 23 пациенти, во Кочани двајца, во Кичево – 16, во Кавадарци – 21, во Гевгелија – шест лица, а во Дебар – 11 позитивни и суспектни на коронавирусот, соопштија од МЗ.
Вкупната бројка на позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 603 слободни болнички кревети во ковид-центрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот