Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Во Велика Британија за еден ден од Ковид-19 починале 684 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 19.506.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.796.143 лица. Од нив починати се 194.547, а оздравеле 773.408 луѓе.

– Во Црна Гора бројот на жртви се зголеми на шестмина починати. Заразени се вкупно 319 луѓе.

– Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Коумо изјави дека видот на коронавирусот со кој почнала епидемијата во неговата држава дошол од Европа а не од Кина.

– Американското Министерство за одбрана потврди дека има заразени со Ковид-19 на разорнувачот „Кид” кој е во водите на Карипското Море.

– Меѓу заразените со Ковид-19 во Италија има повеќе жени, но стапката на смртност е поголема кај мажите, покажаа податоци на италијанскиот Висок институт за здравје.

– Првите случаи на зараза со Ковид-19 во Италија датираат од јануари, покажа истражување спроведено со цел подобро да се разберат корените на епидемијата во една од најтешко погодените земји во светот.

– Азербејџан и Грузија од понеделник ќе почнат да ги укинуваат мерките воведени поради Ковид-19.

– Во Турција досега починаа вкупно 2.600 лица.

– Во Велика Британија за еден ден од Ковид-19 починале 684 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 19.506.

– Шведска предупреди дека ќе ги затвори баровите и рестораните ако не се почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот