Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Италија регистрира 437 починати од Ковид-19 во последните 24 часа, помалку од вчерашните 534. Вкупниот број на жртвите во земјата достигна 25.085 луѓе.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.606.614 лица. Од нив починале 181.569, а оздравеле 712.326 луѓе.

– Светот ни од далеку не завршил со новиот коронавирус, од кој починаа повеќе од 177.800 луѓе, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Вкупниот број на заразени со коронавирусот во Турција достигна 98.674 лица, 2.376 починале.

– Во Црна Гора е потврден уште еден новозаразен, со што вкупниот број на заразени достигна 315 лица.

– Италија регистрира 437 починати од Ковид-19 во последните 24 часа, помалку од вчерашните 534. Вкупниот број на жртвите во земјата достигна 25.085 луѓе.

– Регионалната германска авиокомпанија Ел Ге Ве (LGW), сопственост на берлинската компанија Цајтфрахт (Zeitfracht), денеска објави банкрот поради кризата со коронавирусот.

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дал одобрение Турција да им достави на САД дел кој е неопходен за производство на респиратори во земјата.

– Во Виетнам од утре делумно се укинуваат ограничувањата во патувањата. Минатата недела во земјата не бил регистриран ниту еден нов случај на заразен со Ковид-19.

– Германија почнува со тестирање на вакцина за коронавирусот на луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот