Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот: Во Словенија за само два часа 10 новозаразени

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 121.757 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 4.389, а оздравеле 66.988.

– Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска ја коментираше изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел, која оцени дека меѓу 60 и 70 отсто од Германците ќе заболат од Ковид-19.  – Такви зборови предизвикуваат паника, рече Бабиш, дополнувајќи дека Чешка презела строги мерки заради избегнување на најлошото сценарио.

– Во Словенија за само два часа има 10 новозаразени. Вкупниот број на инфицирани лица е 57.

– Унгарија забрани влез на странски државјани од Италија, Јуѓна Кореја, Иран и Кина. Универзитетите во земјата ќе бидат затворени, а во сила е и забрана за собири во затворен простор за над 100 лица, или на отворено за над 500. Унгарија има 13 потврдени случаи на Ковид-19, без фатални последици.

– Украина денеска соопшти за затворање на училиштата, универзитетите, кината и други места за собири, иако во таа земја е забележан само еден случај на заразата.

– Американски државен обвинител поднесе пријава против Јутјуб телевангелистот Џим Бејкер, кој во неговата емисија тврдење дека колоидната сребрена вода, која тој ја продава, штити и лекува коронавирус.

– Во Германија денеска евидентиран трет смртен случај од коронавирус и 1296 заразени.

– Папата Франциск, кој е затворен во Ватикан поради епидемијата на коронавирус, денеска ја одржа првата виртуелна општа аудиенција, за време на која се заблагодари на медицинскиот персонал на напорната работа, но го повика и светот да не заборави на сириските бегалци.

– Во Велика Британија за 24 часа има 83 нови случаи, што претставува најголемо зголемување за само еден ден. Во таа земја потврдени се 456 случаи на новиот коронавирус.

– Британските здравствени власти ги негираа тврдењата на социјалните мрежи дека оние што немаат здравствено осигурување можат бесплатно да откријат дали се заболени од Ковид-19 со доброволно дарување крв. „Коронавирусните тестови не се прават со крв. Нема докази дека коронавирусите можат да се пренесат преку дарување на крв”, соопштија британските власти.

– Хондурас ги потврди првите два случаи на Ковид-19 во земјата.

– Алжир ги суспендираше економските, културни и политички собири во обид да се спречи ширењето на вирусот.

– Велика Британија најави дека ќе издвои над 30 милијарди над 30 милијарди фунти за да ја подготви економијата за последиците од епидемијата на коронавирусот.

– Израел, каде се евидентирани 42 случаи, бара сите кои пристигнуваат од странство да си воведат самоизолација во траење од 14 дена.

– Шпанија го надмина прагот од 2000 заразени, од кои 47 починаа, претежно во Мадрид, соопшти денеска шпанското Министерство за здравство. „До среда изутрина пријавени се 2002 заразени, а во вторник до 18 часот беа 1.639, соопшти директорот на државната епидемиолошка служба Фернандо Симон.

– Воената вежба на НАТО „Cold Response 2020″, во која треба да учествуваат над 15 илјади војници на северот на Норвешка, е запрена поради епидемијата на Ковид-19. Во Норвешка досега се заразени 277 лица.

– Луфтханза откажува 23 илјади летови во периодт од 29 март до 24 април. Најголемиот дел се во Европа, Азија и Блискиот исток.

– Во Иран евидентирани 958 нови заразени и 63 нови смртни случаи.

– Студенти од Универзитетот дејтон во американската држава Охајо се судрија со полициските сили откако од нив беше побарано за помалку од 24 часа да се спакуваат и да ги напуштат студентските домови заради спречување на ширењето на коронавирусот.

– Шведската активистка Грета Тунберг ги повика денеска младите климатскиот штрајк „Петоци за иднината” да го преместат онлајн, во обид да се спречи ширењето на Ковид-19.  Таа ги повика младите да се приклучат на #DigitalStrike и својата борба, засега, да ја продолжат преку интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот