Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Во изминатите 24 часа шест лекари во Италија починаа од Ковид-19. Вкупно од пандемијата починаа најмалку 66 лекари.

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 809.284 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 39.563, а оздравеле 172.517 луѓе.

ЕУ – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди денеска за зголемениот број лажни вести кои кружат за заразата со Ковид-19. Таа предупреди дека цената на дезинформацијата во овој случај може да биде живот на граѓаните. -Може ли лукот или витамин Ц да го излечат вирусот корона? Не. Дали вирусот ги инфицира само старите? Не “, рече Фон дер Лајен во видео-пораката, укажувајќи на зголемениот број на дезинформации за  коронавирусот, особено на интернет.

Ерменија – До 10 април продолжени мерките за ограничено движење, метрото во Баку затворено до 20 април

БиХ – Четврта жртва од коронавирусот во Херцеговина,

Србија – Секој полнолетен ќе добие по 100 евра во динарска проиввредност. Во јавниот сектор нема да намалат плати.

Италија – Во изминатите 24 часа шест лекари починаа од Ковид-19. Вкупно од пандемијата починаа најмалку 66 лекари.

Кина – Под надзор се 1.541 заразени со асимптоматски коронавирус од кои 205 случаи се увезени од странство.

Британија – Од Ковид-19 починаа 367 луѓе, со што бројот на смртни случаи во таа државаа е зголемен на 1.808.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот