Состојба со Ковид-19 до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.289.820 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 70.625, а оздравеле 272.115 луѓе.

Црна Гора – Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека вкупниот број заразени во земјата изнесува 223 лица, меѓу кои 37 деца. Најголем број заразени, 53, се на возраст преку 60 години. Меѓу заразените има 119 мажи и 104 жени. На болничко лекување се 37 лица, двајца починати и едно лице е излекувано. Под надзор се наоѓаат 6.644 лица.

Велика Британија – Во болниците во Велика Британија бројот на починати од коронавирус е зголемен за 403, на 4.897, соопшти денеска Националната здравствена служба. Како што се наведува, 15 од починатите немале други заболувања.

Прочитајте и...  Жбогар: Се надеваме дека до крајот на годината ќе бидат отворени преговорите со ЕУ

Велика Британија  – Британскиот премиер Борис Џонсон е со „добар дух” и имаше „удобна ноќ” во болницата „Сент Томас” во Лондон, соопшти Даунинг стрит. Џонсон „останува во болница на натамошно набљудување” , изјави за Би-Би-Си неговиот портпарол. „Премиерот зборуваше со докторот и можеше да му потврди дека неговите симптоми остануваат присутни”, додаде тој. Портпаролот за симптомите кажа дека се „температура и кашлање”.

Швајцарија – Во Швајцарија вкупниот број заразени од коронавирус, според податоците на Ворлдмитерс (Worldometers) достигна до 21.282. Нови регистрирани случаи се 182. Истиот извор наведува дека во оваа земја уште 19 лица починале од Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 734 лица. Бројот на пациенти излекувани од овој вирус во Швајцарија е 7.298.

Прочитајте и...  СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста

Обединетите Арапски Емирати – Во Абу Даби, полицискиот час поради епидемијата на коронавирус сè уште трае од 20 часот до шест часот. Полицискиот час во Обединетите Арапски Емирати беше воведен на 26 март. Во ОАЕ досега се регистрирани 1.799 случаи на заразени со коронавирус, а десет лица починаа.

Иран – Во Иран бројот на починати како последица на новиот вирус Ковид-19 достигна 3.739 лица, соопшти Министерството за здравство во Техеран. Вкупниот број заразени во таа земја е 60.500 лица.

Прочитај повеќе

Алијансата на Албанците ја повикува Антикорупциска да реагира на недоличното однесување на функционерите на ДУИ

Слободен печат

Изнемоштен коњ паднат среде улица, сопствениците го удираат и влечат за да стане! (ВИДЕО)

Слободен печат

Најголем квартален пад на француската економија од 1968 година, од 5,3 отсто

Слободен печат

Пад на италијанскиот БДП и до 13 отсто

Слободен печат

Пендаровски разговараше со Папата Франциск за солидарноста која е клучен елемент за заедничката борба против пандемијата

Слободен печат

Меланија Трамп ги коментираше протестите во САД

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ОТА ги отфрла како невистинити тврдењата на министерот Чулев

Слободен печат

Од ова коцкање со изборите – полошо здравје!

Слободен печат

Чулев: Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, нека бараат одговорност од Директорот на БЈБ

Слободен печат

Таткото на Моника пријавил дека бил нападнат од својата ќерка, таа вели дека сам се удирал во ѕид

Слободен печат

Анкета: Германците ги менуваат своите навики – помалку месо, повеќе готвење дома

Слободен печат

НБ: Позначајни движења кај останатите финансиски институции во првиот квартал на 2020 година

Слободен печат