Состојба со коронавирусот во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 350,452 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 15.315, а оздравеле 100.354 лица.

Зараезени има во 192 земји и територии ширум светот, како и на крузерот Дајмон Принцес.

Кина и натаму има најголем број заболени (81.093), при што 72.703 оздравеле, а 3.270 починале.

– Од земјите во регионот, најмногу, пет лица починаа во Албанија, по неа следи Романија со четири жртви и Бугарија и Словенија со по три. Во Србија и Северна Македонија починаа по две лица од Ковид-19, а во БиХ и Црна Гора по едно лице.

Германската Влада денеска одлучи да усвои пакет мерки за помош на економијата и спасување на работните места, кое предвидува ново задолжување во висина од околу 156 милијарди евра. Коронавирусот ќе ја чини економијата на Германија стотици милијарди евра загуби во производството, ќе предизвика скратување на работните часови и  скок на невработеноста и ќе изврши голем притисок врз државниот буџет, според сегашните пресметки на германскиот институт ИФО. информира дека се гледаат првите резултати од мерките против коронавирусот, што се рефлектира во намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19

– Висок офицер од египетската војска почина денеска од ковид-19. Египетските власти и вчера информираа за смрт на високовоен функционер во земјата.

– Во континенталниот дел на Кина забележан е пад на бројот на новозаразени со коронавирус, а денеска се воведени нови мерки за заштита од заболените кои доаѓаат од странство. Се предвидува сите патници кои ќе дојдат од странство да бидат тестирани за коронавирус.

– Швајцарските здравствени власти соопштија денеска дека се пријавени 1046 нови случаи на инфекцијата, со што вкупниот број на заразени во Швајцарија достигна 8.060, со 66 смртни случаи.

– Во Шпанија се зголеми бројот на починати лица од Ковид-19 и сега изнесува 2182. Шпанија очекува врвот на епидемијата во таа земја да биде кон средината на оваа недела, а до крајот на седмицата да почне да опаѓа бројот на новозаразени.

– Вкупно 651 нови смртни случаи беа регистрирани вчера во Италија од Ковид-19, што е речиси 20 проценти намалување на смртноста во однос на претходните 24 часа, кога 793 лица починаа од вирусот. Вкупниот број на смртни случаи изнесува 5.476 од вкупно 59.138 случаи. Дневната стапка на нови инфекции исто така забави, со пораст од девет проценти, споредено со просек од околу 15 отсто во изминатите две недели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот