Состојба со коронавирусот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.615.092 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 96.791, а оздравеле 362.542 луѓе.

– На Унгарија и се потребни повеќе респиратори и болнички кревети, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според податоците, бројот на нови случаи на зараза во изминатите 24 часа се зголеми за 210 и сега има вкупно заразени 1190 лица. Од Ковид-19 починаа 77 луѓе. Меѓу новозаразените се и 151 лице од дом за нега на стари лица во Будимпешта. – Изгледа дека сите земји веќе го достигнаа врвот и дека се гледа светло на крајот на тунелот. Засега тоа не го гледам во Унгарија, рече Орбан.

– Словенија веројатно го достигна врвот на епидемијата на коронавирус, но треба да се почека со укинување на одредени рестрикции, посебно забраната за напуштање на матичните општини, изјави инфектологот Бојана Беовиќ.

– Од вчера во Шпанија починаа 605 заболени лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 15.843. Бројот на новозаболени е намален на дневна основа. Во изминатите 24 часа има 468 новозаболени, што е најмалку од 11 март.

– Италијанската Влада одлучи мерките за изолација, кои изминуваат на 13 април да ги продолжи до 3 мај.

– Русија потврди рекорден број новозаразени со коронавирус. Од вчера позитивно се тестирани 1.786 лица, а вкупниот број заразени се искачи на 11.917. Во последните 24 часа починаа 18 болни од Ковид-19, со што смртниот биланс во таа земја изнесува 94.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот