Состави: Македонија во офанзива против Грузија

фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски иако има големи проблеми со повредени и суспендирани играчи, вечерва (20.45 часот) против Грузија ќе излезе со максимално офанзивен состав.

Ангеловски одлучи со тројца играчи Пандев, Тричковски и Несторовски во нападот да ги нападне Грузијците со кои наредниот месец ќе го игра најважниот натпревар во досегашната историја, тој за пласман на Европското првенство.

Селекторот Ангеловски одлучи во одбраната да биде со тројца дефанзивци, Зајков, Велковски и Ристевски, додека во средниот ред ќе бидат Ристовски, Николов, Костадинов и Алиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот