Состави: Без Пандев, дебитираат Младеновски и Костадинов (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 ч.) во Виена игра против Австрија во претпоследното коло од квалификациите за ЕП 2020.

Селекторот Игор Ангеловски има големи главоболки пред стартот на средбата поради седуммината повредени и суспендирани фудбалери, а згора на тоа и капитенот Горан Пандев нема да биде во тимот поради температура и вирус.

Поради тоа Ангеловски се одлучи шанса да им даде на двајца дебитанти, Тихомир Костадинов и Марио Младеновски, додека изненадувачки, во нападот на Александар Трајковски друштво ќе му прави Елиф Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот