ФОТО | Составена листата на најубави венчавки во 2022, меѓу нив е и една убавица од Србија

2022-рата беше голема година за венчавки на славните личности, а Инстаграм го красеа многу фотографии од прекрасни фустани, амбиенти, прослави…
Годината што изминува ја одбележаа многубројните раскошни свадби на познатите личности, а модниот магазин „Вог“ направи листа на најубавите и најатрактивните. Венчавката на која најпрво помислуваат повеќето читатели е онаа на Бен Афлек и Џенифер Лопез, што многумина ја чекаа долги 20 години.
View this post on Instagram
Уште една ѕвезда од почетокот на 2000-тите, пејачката Бритни Спирс, го изговори судбоносното „да“, на својот избраник Сем Ашгари, а венчавката ја одбележа и апсењето на поранешниот сопруг на Бритни, Џејсон Александер.
View this post on Instagram
Еден од најпопуларните парови на денешницата, познатиот музичар Тревис Баркер и ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан, исто така го воодушевија светот со нивната елегантна венчавка во Италија на која целото семејство Кардашијан беше облечено во креации на „Долче и Габана“.
View this post on Instagram
Големо внимание привлече и свадбата на Бруклин Бекам и богатата наследничка Никол Пелц во Палмс Бич, но најмногу ќе остане запаметена по кавгата помеѓу Викторија Бекам и нејзината снаа. За нивните несогласувања се пишуваше и претходно, но и за време на гламурозната венчавка.
View this post on Instagram
Заедно со светски познатите ѕвезди, на ценетата листа на „Вог“ се најде и бајковитата италијанска венчавка на една Србинка, на манекенката, актерка и водителка Нина Сеничар, која во Тоскана се омажи за холивудската ѕвезда Џеј Елис.
View this post on Instagram
Италијанската модна куќа „Долче и Габана“ го дизајнираше класичниот, безвременски и елегантен венчален фустан на Нина. Џеј и Нина решија да се венчаат на местото на нивниот прв заеднички одмор во вилата Манџакане, која е сместена меѓу лозјата и маслиновите градини во Сан Кашано.
– Беше неверојатно. По сето она низ што сите поминавме во последните неколку години, собирањето преку 190 луѓе три дена во Тоскана и славењето беше надреално – изјави Џеј Елис за „Вог“.
ФОТО+ВИДЕО | Џенифер Лопез ја потврди свршувачката со Бен Афлек: Прстенот има посебно значење
ФОТО | Бајкa во Тоскана: Српската актерка се омажи со ѕвездата на „Топ Ган“
Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила