Состанок во Милано: Барса и Интер постигнаа договор!

фото:твитер

Овојпат во центарот на вниманието се наоѓаат Барселона и Интер кои би требало да соработуваат наредниот месец. Според „Газета дело Спорт“ вчера челниците на овие клубови одржаа состанок во Милано на кој успеаја да постигнат договор.

Главна тема беа Иван Ракитиќ и Артуро Видал, а еден од нив Интер сака оваа зима да го ангажира во своите редови. Тие преговараа уште минатото лето околу Ракитиќ, но тогаш не успеаја да постигнат договор поради висината на обесштетувањето.

Истиот извор вели дека овие клубови дојдоа до договор за хрватскиот интернационалец кој се очекува од јануари да игра како позајмица до крајот на сезоната.

Наредното лето клубот од „Меаца“ ќе има обврска да го откупи неговиот договор за околу 30 милиони евра. Во Барселона сакаат овој трансфер да се реализира уште во зимскот период, но порачаа дека се подготвени и да го пуштат Хрватот на позајмица.

Со каталонскиот клуб има договор до лето 2021. година, а навивачите не се задоволни што клубот сака да го продаде, бидејќи Ракитиќ успеа да се врати во почетниот состав и покажа дека е од голема важност во овој тим, но по се изгледа на „Камп Ноу“ го „отпишаа“ уште пред неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот