Состанок Нуредини – Хан за поефикасно искористување на расположивите средства за проетки во животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работен состанок со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, со цел зголемување на инвестициите и поефикасна  имплементација на проектите од областа на заштита на животна средина.

На средбата  беше побарана и дополнителна техничка помош од Брисел при подготовка и поднесување на апликациите кон европските фондови, со цел максимално искористување на расположивите средства.

Министерот Нуредини ги истакна клучните приоритети во обезбедување на заштитата на животната средина, по што беше договорено дека ќе биде искомуницирана листа на приоритени проекти за инвестирање, заради разгледување на можностите за искористување на посебни програми за проекти од особено значење како што се контаминираните подрачја и нивна  ремeдијација.

Поглавјето 27 за животна средина е едно од најобемните и најскапи поглавја, и правилното и навремено искористување на расположливите средства од еворпските фондови во претпристапниот период е од клучно значење. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот