Состанок на Косовските лидери за исходот од берлинскиот самит

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Лидерите на Косово, по повикот на претседателот на косовоското собрание, Кадри Весели, се состанаа за проценување на исходот од берлинскиот самит во врска со дијалогот меѓу Косово и Србија, јавува „Телеграфи“.

На состанокот, освен Весели, присуствуваат и претседателот на Косово, Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај, шефот на преговарачкиот тим со Србија, Фатмир Лимај, и вицепремиерите Беџет Пацоли и Енвер Хоџај.

Состанокот се одржува под затворени врати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот