Сослушувањето на Асанж ќе продолжи во септември

Џулијан Асанж
Џилијан Асанж / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Партнерката и адвокатка на Асанж, Стела Морис, изјави дека неговиот живот е во опасност поради Ковид-19.

Судот во Лондон денеска соопшти дека сослушувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе продолжи во септември, откако беше одложено поради пандемијата со новиот коронавирус.

На сослушувањето во Вестминстерскиот суд, што новинарите можеа да ги следат преку екрани, договорено е процесот да продолжи во септември, а датумот и местото дополнително ќе бидат соопштени.

Асанж не присуствуваше на денешното сослушување. Тој е во затворот Белмарш, а според неговите адвокати, тој не се чувствувал добро.

Партнерката и адвокатка на Асанж, Стела Морис, изјави дека неговиот живот е во опасност поради Ковид-19.

Асанж е обвинет во САД поради наводно хакирање на владините компјутери и шпионажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот