Сослушани 30 лица во врска со пожарот во Нотр Дам

Фото: Принтксрин

Досега се сослушани околу 30 лица во врска со синоќешниот пожар во катедралата Нотр Дам, соопшти претставник на париското правосудство. Најголемиот дел од нив работеле на реставрација на катедралата.

Според претставникот на париското правосудство, кој побарал да остане анонимен, противпожарниот аларм синоќа се огласил двапати. Првиот пат, неколку луѓе, меѓу кои и пожарникари кои биле постојано на градилиштето, отишле под покривот да видат што се случува, но ништо не откриле. Вториот пат било предоцна, бидејќи ветрот бил пресилен.

На случајот работат меѓу 40 и 50 истражители, но не им е дозволено да влезат во катедралата од безбедносни причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот