Сосема очигледно е дека сертификатот на Христовски не е реален, вели Спасовски
Ж.Н.
Пред
Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески
Пратеникот и поранешен прв човек на МВР, Оливер Спасовски, вечерва во гостување на ТВ21 рече дека е „сосема очигледно“ дека сертификатот за познавање на англискиот јазик на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, „не е реален“.
„Условите за директор треба да бидат исполнети беспрекорно, посебно за институција којашто е витална за безбедноста и за зачувување на уставниот поредок на Република Северна Македонија“, рече Спасовски.
„Очигледно е дека тој сертификат не е реален, тие сертификати траат односно имаат важност од две години и не е издаден од институција која што може да даде таков сертификат. Двојни аршини не смее да има“, додаде тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Почна новогодишното украсување на Скопје. На плоштадот е поставена висока елка, на црвена платформа врз подната фонтана, која со години не функционира. Изборот на локацијата на елката е подобар од минатата година, ако не друго барем ќе се искористи просторот над фонтаната и ќе се спречи во текот на празниците нејзино понатамошно оштетување. Поубаво отколку …
Проблемот со кој граѓаните во Скопје се борат веќе неколку години е загадениот воздух. Слободен печат, спроведе анкета меѓу граѓаните и ги праша кој е најголемиот загадувач и кој и како треба да го реши проблемот. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – Најголемиот загадувач се индустриските капацитети и фабриките. Иако ни се …