Соседите на таткото кој ја мачел својата ќерка од Белград открија детали од апсењето

Сосетка на Урош Пашајлиќ (38), кој вчера беше уапсен по сомнение дека со години ја чувал ќерката (8) во стан, во када, во ужасни и нехумани услови, за српскиот медиум „Нова“ раскажа дека „таткото од пеколот“ со месеци се криел во станот во белградската населба и тврди дека таа лично го видела ноќта пред да биде уапсен.
Како што објаснува сосетката, кога се враќала во зградата во која живее, некој истрчал од влезот и почнал да трча кон блиската продавница.
„Одев кон влезот, околу полноќ, кога во зградата влезе сосед со своите кучиња. Одеднаш се запалија сите светла во влезот, а од подрумот истрча човек кој според описот личи на таткото што го бара полицијата. Се исплашив“, вели сосетката за „Нова.рс“.
Со оглед на тоа што од влезот на зградата се гледал станот во кој таткото со години го чувал девојчето, таа вели дека се згрозила од помислата дека секојдневно поминувала таму, а во станот се малтретирало дете.
„Го видов овој слаб човек и прво помислив дека некој се обидел да украде велосипед, но потоа го видов како се обидува да влезе во соседната врата, но бидејќи беше заклучена, тој го прескокна ѕидот и истрча по улицата. Утрово, кога ја видов сликата во весник, ја поврзав сликата и сфатив дека тоа е тој човек“, раскажува таа.
Еден ден откако белграѓанката И.Л. пријавила во полициската станица дека нејзиниот сопруг Урош Пашајлиќ брутално ја тепа и дека долго време ја чувал нејзината ќерка како робинка, оваа жена дошла во присуство на полицијата пред зградата, каде поминала околу еден час, а потоа си заминала.
„Таа не живее овде, таа вчера дојде речиси боса и разговараше со полицајците. Речиси еден час седеше на скалите, а потоа си замина“, велат жителите на зградата.
Уапсен таткото-монструм, кој во стан во Белград ја држел заробена осумгодишната ќерка