Сорос: Корона вирусот се заканува на опстанокот на ЕУ

Американскиот инвеститор и милијардер изразува огромна загриженост поради растот на евроскептицизмот во Италија.

Милијардерот и филантроп, Џорџ Сорос, истакнува дека пандемијата од корона вирусот се заканува по опстанокот на Европската унија па во тој контекст се заложи се залага за издавање на европски обврзници со цел да им се помогне на тешко погодените земји како Италија.

-Доколку ЕУ не може да го разгледа овој предлог сега, можеби и нема да го преживее предизвикот со кој се соочува, порачува Сорос.

– Тоа не е теоретска можност. То би можело да биде трагична реалност, додава тој.

Сорос вели дека ЕУ би требало да има кредитен рејтинг ААА за издавање обврзници, поради што би требало да има овластување за собирање на данок за да ги покрие трошоците на обврзницата.

– Постои решение, истакнува американскиот инвеститор кој се прослави со успешното предвидување против фунтата во 1992 година.

– Даноците само треба да бидат одобрени, не мора да бидат имплементирани, вели Сорос.

Запрашан за мислење за Брегзит, тој вели дека е особено загрижен поради растот на евроскептицизмот во Италија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот