Сораја не штедеше на прославата на роденденот: Пејачите не можеле да го додржат бакшишот во раце, а имала и торта од банкноти (ФОТО+ВИДЕО)

Instagram

Старлетата Сораја Вучелиќ го прославила 33. роденден како што најдобро знае – трошејќи пари. Со прославата доцнела неколку дена бидејќи на денот на роденденот никако не можела да го собере целото свое друштво.

Instagram
Instagram

Блиските пријателки во Виена дошле еден ден порано за да ѝ помогнат околу организацијата за сè да биде на ниво.

Како што пишуваат српските медиуми, Сораја им ги платила авионските карти до Виена и им платила сместување во луксузен хотел. Кога го платила ресторанот, музиката, сместувањето, картите и сите други работи, останала без 80.000 евра.

Instagram

По луксузната забава Сораја објави низа фотографии и видеа на социјалните мрежи. На снимката се пофали дека вози „ламборџини“, а го објави и скапоцениот часовник од марката „Ролекс“, со кој си ја збогатила колекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот