Сораја го покажа дијамантскиот прстен од богатиот Русин (ВИДЕО)

инстаграм

Старлетата Сораја Вучелиќ во последните денови се наоѓа во центар на вниманието на јавноста поради веридбата со богатиот Русин, за кој се испостави дека е женет.

Според информациите кои дојдоа до јавноста, станува збор за рускиот блогер и бизнисмен Курбан Омаров, кој е во брак со руската водителка и актерка Ксенија Бородина. Сораја некое време не се огласуваше за својот љубовен живот, а сега повторно го направи тоа.

Таа на Инстаграм објави неколку снимки на кои покажува веренички прстен со огромен дијамант, покрај тоа ставила и емотикона која симболизира љубовен пар.

Многумина веднаш заклучија дека Сораја најавува брак, а во коментарите веднаш следеа бројни честитки.

View this post on Instagram

??…

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот