Соработникот на Маск, Сакс, избран за шеф на агенцијата за ВИ и криптовалути

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Дејвид Сакс ќе стане „Цар за вештачка интелигенција и криптовалути на Белата куќа“.

Трамп на неговата платформа Truth Social ги нарече вештачката интелигенција (ВИ) и криптовалутите „две области клучни за иднината на американската конкурентност“.

Сакс, кој е човек од доверба на милијардерот Илон Маск, ќе биде задолжен САД да станат јасен лидер на светскиот пазар во бизнисот со вештачка интелигенција и дигитални валути.

Сакс, исто така, ќе биде задолжен за создавање правна рамка за криптоиндустријата за „да ја има јасноста што ја бара и да може да напредува во САД“. Мултимилијардерот Сакс ќе го предводи и советодавниот одбор на идниот претседател за наука и технологија.

Од победата на Трамп на изборите на 5 ноември, инвеститорите на биткоин слават, бидејќи валутата се искачи од 70.000 долари пред американските избори во ноември на највисоко ниво од над 100.000 долари оваа недела.

Еуфоријата беше поттикната од најавата на Трамп дека ќе го постави застапникот за дигитални валути Пол Аткинс како шеф на моќната американска Комисија за хартии од вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот