Соработничката на Катица Јанева даде исказ за „Рекет“

Фото: Слободен печат

Денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција била сослушана шефицата на кабинетот на Катица Јанева. Нејзиниот исказ бил за истрагата на ОЈО за аферата „Рекет“. Од ОЈО засега не откриваат што изјавила соработничката на Јанева.

До денеска исказ за „Рекет“ имаат дадено обвинителките од СЈО, Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. Утре исказ ќе даде нивниот колега, обвинителот Бурим Рустеми.

Во аферата „Рекет“ притворени се Бојан Јовановски викан Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот