Соработка со ветеринарни служби од Србија и Хрватска во справувањето со африканската чума

Фото: Архива

Делегации од ветеринарните служби и институции од Република Србија и Република Хрватска денеска ќе бидат во работна посета на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

-Посетата на делегациите е со цел да се разменат информации и искуства во врска со епидемиолошката состојба во регионот, со посебен осврт на африканската чума кај свињите, болест која претходно е појавена во Република Србија и чии искуства се драгоцени во справувањето со оваа болест во нашата држава. Ќе се разговара и за работи од интерес за ветеринарната медицина и продлабочување на соработката помеѓу ветеринарните институции во регионот, информираа од Ветеринарната комора на Северна Македонија.

Оттаму најавуваат дека ќе потпишат договор за соработка со Здружението на ветеринари практичари на Србија со кој се продлабочува соработката во делот на континуираната едукација на докторите по ветеринарна медицина од клиничката пракса.

Во посета на Ветеринарната комора ќе бидат д-р Иван Земљак, претседател на Хрватската ветеринарна комора, и д-р Анѓелко Гашпар, стручен секратар на ХВК, како и д-р Мишо Коларевиќ , претседател на Ветеринарната комора на Србија и директор на Ветеринарниот институт во Краљево, д-р Милош Петровиќм директор на Ветеринарниот институт Ниш, д-р Весна Ѓорѓевиќ, директор на Институт за месо Белград, д-р Никола Милутиновиќ, директор на Ветеринарно-сточарскиот институт Шабац и д-р Бојан Блонд, претседател на Здружението на ветеринари практичари на Република Србија.

 

Видео на денот