Соработка на СЗО и Гугл за борба против дезинформации за коронавирусот

Шефот на СЗО минатата недела ја посети Кина и се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг со кој разговараше за вирусот.

Шефот на Светската здравствена организација изјави денеска дека соработуваат со Гугл за да може при пребарување за новиот коронавирус во Кина прво да се прикажат информациите на СЗО за борба против „гласините и дезинформациите”.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека и платформите на социјалните мрежи Твитер, Фејсбук, Тенсент и ТикТок исто така преземале чекори за да се „ограничи ширењето дезинформации” за вирусот, кој од кинескиот град Вухан се прошири во 23 земји.

Шефот на СЗО минатата недела ја посети Кина и се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг со кој разговараше за вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот