Соработка на Асоцијацијата за е-трговија и Агенцијата за пошти

Од АЕТМ уште еднаш ја поздравуваат отвореноста за соработка на институциите и информираат дека само со заеднички холистички пристап од сите засегнати страни може да се придонесе кон подобрување на условите на е-трговците и е-купувачите.

Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Агенцијата за пошти како почесен член во Асоцијацита за е-трговија, денес го потпишаа директорката на Агенцијата за пошти – Билјана Аврамоска-Ѓореска и в.д. Претстедателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Филип Чижбановски.

– Главните заеднички заложби кои сакаме да произлезат по потпишување на овој меморандум е активна работа кон намалување на неформалната економија во државава и подобрување на поштенските услуги. Заедно сакаме да создадеме услови за имплементација на современите достигнувања во е-трговијата во секојдневното живеење на граѓаните во земјава, а воедно да се развијат и способностите, дигиталната писменост и градење на капацитетен пазар на труд во секторот за е-трговија кај нас. Денеска е важен ден за нас бидејќи сакаме заедно да се развиваме и соработуваме во иднина, како и во останатите Европски земји“ – вели директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска-Ѓореска.

Во меморандумот се наведува дека Агенцијата за пошти и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ќе разменуваат информации од заеднички интерес, ќе креираат и земат учество на еминентни настани од областа за е-трговија и ќе придонeсуваат за развојот на програмите за потребите на корисниците на услугите. Исто така ќе разменуваат професионални совети, споделуваат тековни и нови искуства.

– Со потпишување на овој меморандум за соработка со Агенцијата за пошти ќе работиме на подобрување на поштенските услуги и зголемување на транспарентноста и квалитетот при достава на пратки. Заеднички ќе придонесуваме кон градење на доверба кон поштенските услуги преку подобрување на безбедноста на испораката, а ќе понудиме и конкретни мерки за сузбивање на сивата економија во е-трговијата.“ – велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

Според Агенција за пошти, креирањето на специфична правна рамка за потребите на овој растечки пазарен сегмент на услуги, ќе ја зајакне правната сигурност и на испраќачите и примачите на поштенски пакети, но и воопшто сигурноста и довербата во поштенскиот сектор како нераскинлив дел од ланецот на купувањето на далечина.

Од АЕТМ уште еднаш ја поздравуваат отвореноста за соработка на институциите и информираат дека само со заеднички холистички пристап од сите засегнати страни може да се придонесе кон подобрување на условите на е-трговците и е-купувачите.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република С. Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот