Сопственикот на Удинезе: Што доколку направиме голема грешка?

фото:твитер

Доколку еден играч биде позитивен на тестот за коронавирус, веднаш ќе биде прекината сезоната во италијанското првенство.

Сопственикот на фудбалскиот клуб Удинезе, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, е против предвремено враќање на натпреварите во Серија А.

Џанпаоло Поцо смета дека е подобро да „помине критичната фаза“ да помине, пред да почне да се размислува за продолжување на сезоната.

Доколку екипа се најде во карантин после два или три одиграни натпревари како резултат на позитивен тест за коронавирус на еден играч, и доколку сезоната повторно се прекине, ќе направиме голема грешка – рече Поцо.

Сезоната во Серија А беше прекината на 9 март поради пандемијата на коронавирус, а Удинезе тогаш беше на 14 место, со три бода повеќе над зоната за испаѓање.

Клубовите во Серија А мора да го следат медицинскиот протокол утврден од надлежните. Меѓу другото, тимовите редовно ќе бидат тестирани на новиот вирус, а доколку се случи еден член на клубот да биде заразен, целиот состав ќе мора 15 дена да биде во карантин и предвремено ќе заврши сезоната во Серија А.

На играчите им е дозволено да продолжат со индивидуалните тренинзи во клупските центри од 4 мај, а колективните тренинзи можат да започнат од понеделник.

Раководството на Серија А се надева дека лигата би можела да продолжи на 13 јуни, но тоа сè уште не е одобрено од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот