Сопственикот на спорниот бар во Ишгл се извини поради пропустот: Властите не сакаат да признаат грешка

„Кичлох“ е локалот во кој вработен како келнер е регистриран како „нулти пациент“ во земјата.

Сопственикот на барот „Кичлох“ во местото Ишгл, кое се смета за жариште на инфекцијата од која многу скандинавски и германски туристи се заразија со корона вирус, се извини јавно.

Бернхард Кангерл, меѓутоа, вели дека тој цело време се потпирал врз проценките на надлежните власти.

Скијачкиот центар Ишгл до скоро беше познат како една од најпопуларните дестинации за скијање, а по избувнувањето на епидемијата, сега е препознаен како жариште на инфекцијата. Додека властите на овој град и покраината Тирол не сакаат да зборуваат за своите грешки, Кангерл признава дека имало пропусти.

„Кичлох“ е локал во кој келнерот се води како „нулти пациент“, а неодамна е утврдено дека туристка од Швајцарија го донела вирусот во ова населено место.

Во интервју за германски „Билд“ Кангерл вели дека се реагирало предоцна, но дека одлуката била донесена од властите во земјата. Тој додава дека најдобро би било доколку местото било затворено. Меѓутоа, како што посочи, сите се потпирале на препораките на властите и лекарите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот