Сопственикот на Олимпијакос е заразен со коронавирус

Натпреварот на неговиот тим во рамките на Лигата на Европа е под знак прашалник.

Сопственикот на Олимпијакос и на Нотингем форест, Евангелос Маринакис, објави на социјалните мрежи дека неговиот тест на коронавирусот е позитивен.

View this post on Instagram

#Marinakis #HealthStatement #Message

A post shared by Evangelos Marinakis (@evangelos.marinakis) on

 

„Актуелниот вирус ме „посети“ и чувствувам обврска ова да го објавам во јавноста. Моменто се чувствувам добро и ги преземам сите неопходни мерки по совет од докторите. Истото им го препорачувам на сите соиграѓани кои боледуваат од коронавирусот и им посакувам брзо оздравување“, напиша Маринакис на својот Инстаграм профил.

Ова е првиот случај на коронавирус во фудбалот на највисоко ниво, а поради болеста на Маринакис, под знак на прашлник е одигрувањето на првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на Европа помеѓу Олимопијакос и Вулверхемптон.
Натпревар треба да се игра во четврток во Атина пред празни трибини од 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот