Сопственикот на Наполи со проект вреден 10 милијарди евра сака да го менува фудбалот

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Проектот европска Суперлига кој го потресе европскиот фудбал, беше запрен по жестоките реакции на навивачите, јавноста, фудбалските федерации, па дури и политиката се замеша, но приказната со тектонските промени во фудбалот продолжува.

Сега на сцена стапи контроверзниот сопственик на Наполи, клуб за кој настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Аурелио де Лаутрентис кој соопшти дека работи на проект вреден 10 милијарди евра.

– Лигата на шампионите и Лигата на Европа на клубовите не им носат доволно приходи за да ги оправдаат настапите во овие натпреварувања. За да бидете конкуренти потребно е да имате повеќе врвни фудбалери. Тоа значи дека мора да трошите многу, а наградите во европските натпревари не се доволни Затоа клубовите треба да разговаат едни со други за да создадат помодерен и попрофитабилен фудбал за сите – изјави Де Лаурентис за „Дејли Меил“.

– Потребно е да се намали бројот на натпревари така што би се намалил бројот на лиги во цела Европа. Треба да се создаде европско натпреварување со демократски систем на влегување во истото и кој е базиран на пласманот на екипите во националните лиги. Јас веќе испитав дека овој проект може да донесе 10 милијарди евра, но потребни се желба и целосна независност – додаде Де Лаурентис, притоа не изнесувајќи повеќе детали за проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот