Сопственикот на хеликоптерот во кој загина Коби немал дозвола да лета во лоши временски услови

Фото: Твитер

Летот во услови на слаба видливост бара помош од инструментите, но, компанијата „Island Express“, во чија сопственост беше хеликоптерот Сикорски С-76Б кој го превезуваше Коби Брајант, немал дозвола за тоа.

Американската управа за цивилно воздухопловство (ФАА) полека почна да открива детали за страшната хеликоптерска несреќа која се случи во неделата во близина на Лос Анџелес, а во која помеѓу деветте загинати беа и легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана Џиџи.

Иако пилотот Ара Зобајан имал дозвола за лет со помош на инструментите (ИФП) за време на лоши временски услови, компанијата во чија сопственост беше хеликоптерот Сикорски С-76Б, „Island Express Helisopters“, немала таква дозвола и поради тоа не смеело да се лета со хеликоптерот, пишува „Њујорк тајмс“.

EPA-EFE/NTSB / JAMES ANDERSON

Хеликоптерот во кој покрај Брајант и неговата ќерка, загинаа и останатите шест патници, смеел да лета само по принципот на визуелно летање (ВФР) под услов видливоста да биде најмалку пет километри и облаците да не бидат пониски од 300 метри над земјата.

Но, видливоста за време на несреќата била толку лоша поради маглата и влажноста на воздухот, поради што полицијата во Лос Анџелес ги приземјила сите свои хеликоптери.

Фото: Принтскрин/Твитер

Контролата на летање му дала дозвола на пилотот Зобајан да лета по посебни правила (СВФР) иако поради условите морал да лета со помош на инструментите и да има постојан контакт и помош од контролата на летање за да се издигне над густата магла и облаци.

– Постојат само две сценарија по кои можете да летате во облаците. Или според планот на летање со помош на иснтрументи или случајно – изјави Курт Дец, пилот и поранешен менаџер за безбедност во „Island Express helicopters“.

Според ФАА дозвола за летање според ИФР освен „Island Express helicopters“, немале ниту останатите компании во Лос Анџелес, па дури ниту полицијата?!

– За да се добие дозвола за летање според ИФР потребна е многу подолга обука, опрема и осигурување. Тоа не е толку вредно, ние вообичаено не летаме во такви временски услови. Времето во Лос Анџелес најчесто е добро – изјави Клаудија Лаури, сопственичка на училиште за летање на аеродромот Ван Најс.

Според Курт Дец кој долги години работел со Зобајан и го превезувал Коби Брајант, тврди дека условите биле толку лоши што пилотот морал да се откаже од летот. Според Дец, компаниите кои се занимаваат со хелипоптерски превоз вообичаено имаат само еден пилот за да ги намалат трошоците, а само мал број клиенти кои се загрижени за својата безбедност побарале и втор пилот. Според Дец, Брајант никогаш не барал да има уште еден пилот во хеликоптерот.

– Тоа е големо и брзо летало, речиси како авион. Доколку дојдете во толку лоши услови, оптоварувањето може да биде преголемо за еден пилот. Со дополнителен пилот имате голема помош. Овој модел на хеликоптер е направен за да биде управуван со двајца пилоти. Не можам да ви кажам колку пати сум летал како дополнителен пилот и сум морал да помагам во одредени ситуации – изјави Даг Солбрекен, пилот на ист тим хеликоптер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот