Сопственикот на галијата што се руши: Поминаа времињата кога можеше да се руши без судска одлука

Граѓаните треба да знаат дека „Бродот на среќата“ е сто проценти приватна инвестиција. Инвеститорот е бугарски граѓанин,  кој во овој брод инвестираше над 1.200.000  евра, рече денеска сопственикот на бродот, Жарко Миленковски  управител на бродот.

-Град Скопје нема никакво побарување кон нас, односно немаме никаков долг. Плаќаме по 1.000 евра месечно за концесија и  што е најважно, се’ уште не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи дека правниот акт врз кој  е поставен овој брод се уште постои и е во сила. Во тек се два судски  предмети, а за едниот утринава беше одржано и рочиште. Не може да се руши со сила додека нема судска одлука.Поминаа времињата кога се рушеше со сила, без судска одлука. Ова е срам за Македонија. Се руши опрема вредна 1.200.000 евра и тоа без судска одлука,  а имаме многу примери  кога времени  мерки се носеле за  нерушење на многу помали објекти. Ова е странска  инвестиција. Бараме од Градот да не ја нарушува довербата на странските инвеститори со ваквите потези, вели  Миленковски.

Тој објаснува дека  за време на  пандемијата пратиле неколку барање до Градот  за да им  се овозможи да продолжат да  работат што е согласно со членот 9 од Законот за работа,  но не добиле никаков одговор,  туку решение  за раскинување на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот