Сопственик на фирма во Италија изврши самоубиство: По двомесечната блокада не можел да ги исплати работниците

Дека нешто не е во ред, сфатило семејството кога тој ноќта не се вратил дома. Неговиот автомобил бил паркиран кај фирмата, а светлото во канцеларијата било вклучено, но тој не се јавувал на телефон.

Антонио Нагаро (57), сопственик на фирма во Сан Џовани во Италија извршил самоубиство само два дена откако повторно ја отворил фирмата после блокадата. Италијанските медиуми пишуваат дека не можел да се носи со економската криза која следуваше поради епидемијата од коронавирусот.

„Кориере дела сера“ наведува дека Нагаро си го одзел животот во самата компанија зошто немал можност да ги исплати работниците и добавувачите.

Фирмата со која управувал била задолжена за продавници од сите видови, а пред Италија да стапи во блокада во март, Нагаро бил здрав и деловен човек, познат во Неапол и пошироко.

Дека нешто не е во ред, сфатило семејството кога тој ноќта не се вратил дома. Неговиот автомобил бил паркиран кај фирмата, а светлото во канцеларијата било вклучено, но тој не се јавувал на телефон.

Оставил проштално писмо, а полицијата отвори истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот